Како дишат бебињата додека се во матката

Познато е правилото дека трудницата не треба да јаде за двајца, малку знаат дека таа всушност треба да дише за двајца.
Полодот во матката живее опкужен со плодова вода.

Логично, тој не се снабдува со кислород по пат на вдишување и издишување бидејќи на тој начин ќе се удави во плодовата вода.

Плодот потребниот кислород го добива од мајката. Кога мајката ќе ги наполни своите бели дробови со воздух таа прима кислород кој од белите дробови поминува во крвототкот. Во крвта тој се врзува со хемоглобинот кој се наоѓа во црвените крвни зрнца. Кружејќи низ организмот на мајката тој доаѓа и до постелката, поминува низ неа и влегува во организмот на бебето преку крвните садови на папочната врвка.

Од друга страна пак, јаглеродниот диоксид од плодот кој претставува еден вид на отпаден материјал, се отстранува од организмот на бебето на обратен начин исто така преку крвните садови на папочната врвка. Од таму тој поминува во постелката и се врзува со венската крв на мајката која во текот на издишувањето не го исфрла само својот туку и јаглеродниот диоксиод од бебето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk