Како лесно да ги исчистите дамките од фломастер на облеката и мебелот

Доколку вашето креативно инспирирано дете почне да црта и надвор од листовите, најдобро би било веднаш штом ќе ја забележите дамката да реагирате бидејќи што постара е дамката толку потешко може да ја избришете.
Дамката на облеката направена од фломастер натопете ја со алкохол и потоа лесно почнете да тапкате врз неа со парче газа и памук. На тој начин ќе го спречите понатамошното ширење на дамката. Повторувајте го ова се додека дамката не избледе а потоа исперете ја облеката на вообичаениот начин.

Ако дамката од фломастер е на некое парче мебел тогаш најдобро е преку неа да поминете со обична гума за бришење а потоа да нанесете паста за заби. Оставете ја да отстои неколку минути и истријте го местото.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk