Како мирисот на вашиот парфем да трае подолго

Должината на траењето на парфемот на важата кожа не зависи исклучиво од квалитетот на парфемот.
Можеби не сте знаеле, но вашите пори се отвораат кога сте под тушот, па доколку нанесете парфем непосредно по туширањето вашата кожа подобро ќе го апсорбира парфемот што ќе придонесе неговиот мирис подолго ќе трае.

Многу жени имаат навика по нанесувањето на парфем да ги протријат зглобовите еден од друг. Но тоа не го продолжува неговото траење, туку напротив. Триењето го разбива мирисот на парфемот. Наредниот пат, едноставно нанесете го парфемот на зглобовите но без триење, оставете го да се исуши природно.

Доколку сакате мирисот на вашиот парфем да трае подолго тогаш внимавајте да го нанесете на оние точки на телото каде го чувствувате пулсот ( зглобовите, вратот, градите) и пределот позади увото.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk