Како најбрзо да ги намалите килограмите

Објавено на: Jun 21, 2016 од Мама Весна

За да изгубите по половина килограм неделно морате да исфрлите по 3.500 калории од исхраната.

Најдобриот начин за тоа е да научите како дневно да заштедите по 500 калории. Еве неколку едноставни начини за тоа.

Исфрлете го сирењето од сендвичот – Само едно парче сирење содржи од 80-100 калории, а вие сигурно ќе ставите 3-4 парчиња. Сметајте колку калории ќе внесете. Само ако три пати го исфрлите сирењето од сендвичот, може да изгубите околу 1.200 калории.

Јадете плескавица без леб – Зошто да не ја замотате плескавицата во салата да речеме? Само едно бело лепче покрива половина внес на препорачливи калории за еден ден.

Зачинете ја салатата со лимон – Дресингот е права калориска бомба, затоа прескокнувајте го и наместо тоа исцедете по половина парче лимон преку својата салата. На тој начин ќе заштедите по 200 калории.

Зачинете ги житариците со бадемово млеко – Не само што е повкусно, бадемовото млеко има само 30 калории, за разлика од обичното кое има 70 калории.

Ставајте помалку масло кога готвите – Маслото може да додаде дури 300 калории во еден оброк. Пробајте да купите прскалка и на тој начин ќе ставате помал слој на масло во тавата.

Пица со потенка кора – Целото тесто се само додатни калории, а со самото тоа и килограмите. Научете да правите супер – тенка пица и прескокнете го месото, а намалете ја и количината на сирење на пицата. Ќе заштедите сигурно од 200 до 300 калории.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…