Како полесно да го заспиете бебето

Објавено на: Aug 12, 2016 од Мама Силвана

За некои родители, заспивањето на бебето е едноставно, а за другите тоа може да биде целовечерна борба и размислување дали бебето ќе ја преспие целата вечер.

Еве неколку корисни совети:

Подгответе го бебето за спиење

Обидете се да направите еден вид на ритуал, на пример искапете го бебето, ставете завеса, прочитајте приказна и ставете го бебето во креветче.Потрудете се секоја вечер да се придржувате до тој ритуал.

Време е за спиење

Зборувањето со бебето може да помогне. Иако можеби не разбираат што зборувате, повторувањето на иста реченица секоја вечер ќе стане дел од ритуалот пред спиење.

Смирете го бебето

Бебињата се смируваат и релаксираат на различни начини. Она што ќе откриете дека ги смирува  држете се до таа метода.

Знаци на заспаност

Добро обрнете внимание на знаците дека им се спие, бидејќи преморено бебе или дете тешко заспива ако моментот помине.

Ставете го во креветче додека се уште скроз не заспало

По смирувањето, ставете го бебето дремливо да заспие во креветче.Тоа треба и понатаму да е будно. На тој начин ќе избегнете да ви заспива во раце.

Положба за спиење

Препорака е бебињата да спијата на грб.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…