Како правилно да подготвите чај за вашето дете

Кога станува збор за детската исхрана, чајот како дел од неа треба да биде одбран внимателно, да има висок квалитет и да е подготвен од сосема природни состојки.

За една чаша чај од 200 милилитри препораката е да не користите повеќе од 1-1,5 грама сува смеса.

Народната мудрост вели: топиот чај е лек, а ладниот отров. Во праксата оваа изјава е потврдена со многу научни истражувања.

Кога се олади во целост, некои од хранливите материи во чајот се распаѓаат или се губат.  Децата се препорачува секогаш да пијат топол, свежо сварен чај.

Не го загревајте веќе оладениот чај, на тој начин само ќе ја зголемите концентрацијата на штетни материи во течноста.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk