Како правилно се подготвува чајот од пелин

Објавено на: Dec 23, 2016 од Мама Ане

На нашите простори на далеку е позната лековитата моќ на пелинот кога е во прашање болка во желудникот, особено онаа што е предизвикана од чир на желудникот или дванаесетопалачното црево.
Во двеста милилитри вода што врие спуштете половина лажичка пелин. Оставете да отстои неколку минути, а потоа процедете.
Вака приготвениот чај има светла боја и нема премногу горчлив вкус.
Се пие по неколку голтки во текот на целиот ден.
Треба да се знае дека пелинот во преголеми и преконцентрирани количини може да биде штетен. Прејакиот чај од пелин се препознава по темно жолтата боја и исклучително високото ниво на горчина.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…