Како резултат на намалена вакцинација со МРП, во Македонија се појавија морбили

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) во Општина Гази Баба, откако пет деца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Најмалото дете има 12 месеци, а најголемото 11 години.Претседателот на Комисијата, Звонко Миленковиќ вели дека три од нив имале висока температура и други компликации кои се појавиле пред осипот, но не се во критична состојба.

Надлежните информираат дека овие деца не ја примиле задолжителната вакцина „МРП“, а здравствените власти од понеделник ќе проверуваат колку деца не се вакцинирани, имајќи предвид дека вакцинирањето со оваа вакцина е намалено.

Од Комисијата за заразни болести апелираат до граѓаните да не ја одложуваат вакцинацијата, бидејќи малите сипаници можат да доведат до сериозни компликации но и смртни случаи како што е случајот во Романија и други европски земји.

Во Македонија последен пат, морбили се појавиле во 2014 година кога биле заразени 110 лица.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk