Како се создава зависноста од никотин

Сите редовни пушачи се зависници, без разлика дали го признаваат тоа или не. Супстанцијата во цигарите која ја предизвикува зависноста е никотинот.

Со повлекување на само еден дим од цигарата никотинот стасува до мозокот во рок од само триесетина секунди, давајќи чувство на уживање и енергичност. Според истражувањата, никотинот кај стравствените пушачи придонесува за подобрување на концентрацијата.

Никотинот е всушност главната причина зошто луѓето пушат цигари. Постои делумична вистина во тоа дека во моменти на стрес и збунетост цигарата го води пушачот во состојба на задоволство и смиреност.

Но, зависноста се појавува и поради тоа што чувството на задоволство е лесно и брзо минливо. Доволен е половина час пушачот повторно да почувствува потреба од нова доза на никотин за да го постигне тоа ниво на задоволство.

Со текот на времето телото создава одредено ниво на толеранција на никотинот што придонесува да се потребни поголеми количини од него за да се доживее истото чувство на задоволство.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk