Како се шири настинката

Постојат повеќе од 200 вируси што ги предизвикуваат настинките. Колку повеќе време луѓето поминуваат во затворен простор толку се поголеми шансите за ширење на настинката од човек на човек.

Просечно, се смета дека една личност со вообичаен одбрамбен механизам барем два пати годишно настинува.

Вирусите кои што ја предизвикуваат настинката се шират по тн. капков пат. Тоа значи дека можеме да се заразиме ако ги вдишеме ситните капки кои излегуваат од устата на заболениот во текот на кивањето или кашлањето и со директен допир на инфицираниот предмет.

По кратка инкубација од еден до три дена, болеста започнува нагло, пропратена со болки во грлото, секрет од носот, кивање, болки во телото и слабост.

Затоа е многу важно честото миење на рацете, избегнувањето на долги престои во затворени простории каде што има многу луѓе и секако одржување на здравиот имунолошки систем со помош на правилна и разновидна исхрана и редовна физичка активност.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk