Како таткото може да вклучен во хранењето на бебето

Ако бебето се храни со адаптирано млеко тогаш активното вклучување на таткото во хранењето значи превземање на обврската околу подготовката на млекото, преку процесот на стерилизација на шишенцињата од кои пие бебето, загревање на водата и соодветното мешање на состојките и на крајот хранење на бебето.
Кога бебето се храни исклучиво со мајчино млеко преку доење сеуште постојат начини на кои таткото може интензивно да се вклучи во процесот и да биде партнер во доењето.

Доколку партнерката дои, овозможете и што поудобно и непречено доење, погрижете се се што и е потребно да и биде на дофат на раката, поставете го и подигнете го детето кога ќе биде готов подојот и сл.

Информирајте се колку што можете повеќе околу процесот на доење-на тој начин ќе можете на мајката да и овозможите најдобра поддршка и помош во случај на проблеми поврзани со доењето.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk