Како хормоните влијаат врз жените

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Весна

За женското „лудо“ однесување многу често се виновни хормоните.

Тие се причината зошто дамите почнуваат да се расправаат на цел глас без некоја посебна причина и зошто плачат на романтичниот филм кој го гледаат по десетти пат. Тие се виновни и за „оние денови во месецот“ кога мажите треба да им купуваат куп цвеќиња и чоколади. Меѓутоа, постои верување дека овие приказни не се однесуваат на сите жени во светот. Знаењето нешто во врска со хормоните не е важно само поради тоа што влијаат врз однесувањето на жените, туку и заради своето сопствено здравје. Откако ќе ги прочитате овие неколку точки, подобро ќе го разберете таквото однесување на жените.

Естрогенот не е единствен хормон: Естрогенот е примарен женски хормон кој е одговорен за различни функции, вклучувајќи ги: развојот на градите, созревање на гениталиите, менструалниот циклус и друго. Тој е важен, но не и единствен хормон. Прогестеронот исто така игра улога во менструалниот циклус, а особено во подготовка на матката за оплодување на ембриони. Жените имаат и хормон тестостерон (во помали количества од мажите), кој влијае врз сексуалната желба, но и врз густината на коските и мускулите.

Хоромоните немаат исто влијание врз секоја жена: Хормоните не влијаат исто врз сите жени. Сите здрави жени имаат исти хормони, но нивните нивоа се разликуваат и зависат од многу нешта.

ПМС може да биде сериозен: Некои луѓе, меѓу кои и медицински професионалци, го отфрлаат ПМС-от како легитимно нарушување. Тие велат дека ПМС е само добар изговор на жените за прејадување и протегање низ креветот. Сепак, постојат и доктори кои велат дека предменструалниот синдром е еден вид нарушување кое влијае врз секоја трета жена. Никој не знае што точно предизвикува ПМС-от, но најчесто жените страдаат од хормонална нестабилност и болка. За разлика од нив, некои жени воопшто не го чувствуваат.

Менструалниот циклус постојано варира: Менструалниот циклус треба да трае 28 дена. На половина од тој циклус јајниците ослободуваат јајце-клетки. Ако тие не се оплодени, матката ги исфрла. Менструацијата трае околу 7 дена. Но, менструацијата и тој циклус не се исти кај сите жени. Овие периоди варираат во зависност од тоа дали жените користат лекови, дали се изложени на стрес или пак вежбаат.

Хормонски хаос за време на бременоста: Дали мислите дека хормоните најмногу беснеат во пубертетот или во ПМС-от? Можеби, но тоа не може да спореди со тоа што се случува кога жената останува бремена. HCG (хуман хорионски гонадотропин) е хормон кој го создаваат клетките на плацентата. Во текот на првиот квартал овој хормон значително се зголемува, и заедно со плацентата предизвикува гадење. Естрогенот и прогестеронот, исто така, играат важна улога за време на бременоста.

И мажите имаат хормони: Естрогенот и прогестеронот главно се поврзани со жените. Но, како што жените имаат мали количества тестостерон, така и мажите имаат некои женски хормони, кои секако се во помали количини. Нерамнотежата на естрогенот може да предизвика дебелина кај мажите. Мажите кои имаат дијабетес, рак на простата или проблеми со срцето, имаат зголемено или намалено ниво на естроген. Прогестеронот помага во регулирање на нивото на естроген.

Менопаузата се одвива постепено: Менопаузата значи дека жената повеќе не е плодна. Се вели дека жената се наоѓа во менопауза кога 12 последователни месеци нема менструален циклус. Во тој период, жените повторно се под влијание на хормони, т.е. јајниците редуцирано продуцираат хормони. Менопаузата е постепен процес кој најчесто започнува во четириесеттите години, а може да трае и со години.

Промените во хормоните влијаат врз либидото: Женските хормони имаат свое влијание врз сексуалната желба. Кога жените потешко се возбудуваат, имаат пониско ниво на естроген. Врз либидото влијаат и многу други фактори, како: медицински состојби, лекови и начин на живот. Сексуалната дисфункција кај жените е поврзана со недостаток на интимност, депресија или незадоволство од сопствениот изглед. Сепак, нормално е либидото да се менува во текот на животот. Кога хормоните „беснеат“, и жените и мажите имаат поголема сексуална желба.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…