Калиумот може да влијае на полот на бебето

Aко јадете многу банани или што било богато со калиум веројатно ќе родите момче, покажуваат најновите истражувања.

Мајките кои родиле момчиња, внесувале повеќе калиум, што научниците го утврдиле како фактор на одредување на полот. Било откриено дека жените кои пред зачнувањето за појадок јаделе житарки, имаат поголема шанса да родат момче.

Ова истражување е слично на она предводено на универзитетите Ексетер и Оксфорд објавено во 2008 година а кое исто така имаше откриено дека жените кои за појадок јадат житарки а во текот на денот внесуваат повеќе калории имаат поголеми шанси да родат момче.

Видот на храната може да влијае на полот на детето бидејќи дејствува на киселоста на вагиналната флора. Па така ако сакате девојче јадете храна богата со магнезиум, калциум и кисели производи, а избегнувајте храна која ја намалува киселоста (банани и компири).

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk