Кариера или бебе

Без оглед на степенот на образование, во денешното општество во кое постојано се зборува за демократија, права и еднаквост, жените сепак тешко доаѓаат на „подобри“ позиции. Тоа особено се однесува на оние раководните, што значи и подобро платени, ако, според непишаното, но усвоено правило, не се подготвени да се откажат од најавтентичниот дел од себе – правото и потребата да бидат мајки!

Решението на проблемот кое се наметнало е едноставно и логично, но никако и најдобро. Носејќи бројни ризици, првенствено медицински, внимателно испланираната репродукција и одложувањето на раѓањето е еден од механизмите жената да управува со својот живот и да си обезбеди себеси и на идното семејство достоен живот.

Земајќи го предвид фактот дека некои жени не сакаат мајчинство, за оние кои сакаат и планираат да имаат деца секако се препорачува, ако е можно, со раѓање да се почне помеѓу 20. и 30. година од животот.

Нашето мислење е дека жените сепак не би смееле да се лишат себеси од најголемиот благодет, најсилниот мотиватор и најголемиот предизвик каков што е создавањето на нов живот. Затоа што децата дефинитивно се највредни од се, а нив, ете, може да ги подари само и единствено жената.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk