Кашичка од банана и сладок компир

Вкусна кашичка која едноставно се подготвува, погодна уште при самото воведување на дохрана кај бебињата.

Потребни состојки:
– една банана
– еден помал сладок компир

Начин на подготовка:
Слаткиот компир излупете го, измијте го и исецкајте го на коцкички. Ставете го во сад на оган, прелиен со вода, да се свари.
Во меѓувреме бананата излупете ја и исецкајте ја на кругови.
Сварениот сладок компир додадете го во садот со бананата и добро истискајте со вилјушка или измиксирајте ги состојките.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk