Кашичка од брокула и ленено семе

Овој вкусен оброк е препорачлив за деца постари од осум месеци. Исклучително богат со витамини, минерали и растителни влакна ветува зајакнување на кревкиот детски имунолошки систем.

Потребни состојки:

– 100 грама брокула
– 50 грама сладок компир
– пола лажичка маслиново масло
– пола лажичка мелено ленено семе

Начин на подготовка:

Брокулата и слаткиот компир сварете ги а потоа исцедете ги од водата. Изблендирајте ги заедно со маслиновото масло и меленото ленено семе.
Понудете му ја на бебето свежо подготвената кашичка.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk