Кашичка од пилешко месо со просо

Вкусна кашичка која може да се најде на менито на бебињата постари од десет месеци.

Потребни состојки:
– 100 грама бело пилешко месо
– една кафена лажичка маслиново масло
– три супени лажици просо

Начин на подготовка:

Сварете го пилешкото месо. Исцедете го и изблендирајте.
Во друг сад сварете го просото. Процедете.
Просото додадете го во изблендираното месо и додадете го маслиновото масло.
Доколку кашичката е премногу сува, може да додадете малку од водата во која се варело месото.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk