Кашичка од просо и брокула

Вкусен оброк кој можете да го понудите на бебиња постари од осум месеци.
Потребни состојки:
– 1 морков
– 3 цвета од брокула
– малку лук
– една супена лажица просо

Начин на подготовка:

Морковот излупете го и исецкајте го на кругови. Заедно со едно чешне лук ставете го во сад на оган и варете 15 минути. Додадете ги и цветовите од брокула и продолжете со варењето се додека зеленчукот убаво не омекне.

За тоа време, во друг сад сварете го просото.

Зеленчукот процедете го од водата и изблендирајте го додавајќи четири супени лажици од водата во која што се варел. Просото процедете го и префрлете го во зеленчуковата супа.

Промешајте и понудете му го овој вкусен и здрав оброк на вашето бебе.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk