Квалитетот на спермата може да се подобри со специјален витамински коктел

Медицината тврди дека многу често проблемот со неквалитетната сперма кај мажите е предизвикан од аминокиселината хомоцистин која ја намалува брзината и подвижноста на сперматозоидите.

На тој начин се доживуваат одредени потешкотии при обидот за забременување на партнерката.

Овој проблем според лекарите може да биде решен со коктел од витамини Б6, Б12 и Б9 ( фолна киселина).

Токму оваа витаминска комбинација во организмот делува кон неутрализирање на несаканото дејство на хомоцистинот.

Во спроведеното истражување во рамките на Универзитетот Колорадо, во текот на три месеци на мажите кои учевствувале во истражувањето им бил даван посебно креиран витамински коктел кој се состоел од гореспоменатите витамини.

По истекот на три месеци, забележано е дека бројот на сперматозоиди се зголемил за една третина, а истовремено се зголемила подвижноста на сперматозоидите што директно ги зголемува шансите за забременување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk