Квалитетот на јајце клетките е во тесна зависност од возраста на жената

Според научниците постои тесна поврзаност на возраста на жената и квалитетот на нејзините јајце клетки.
Имено, според светските статистички податоци, околу 50% од ембрионите добиени од жени постари од четриесет  и пет години се анеуплоидни, што значи дека имаат број на хромозоми кои отстапува од нормалниот.

Самиот квалитет на јајце клетката постепено започнува да опаѓа по 35 година од животот на жената.

Тоа најмногу се согледува во постепеното зголемување на ризикот тие клетки да бидат со абнормална структура од кои во иднина ќе се развие плод со абнормална генетска конструкција.

Овој ризик значително се зголемува кај жените над 48 година, каде просекот изнесува 70%.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk