Киселото млеко како лек

Природното кисело млеко може да се рече дека е вистински природен заштитник на организмот од многу болести.
Пред се, тоа лесно се преработува во нашиот дигестивен систем, го стимулира процесот на празнење и што е најважно го регулира природниот баланс на бакетии и цревната микрофлора. Токму поради овие негови својства се препорачува како ефикасен лек против затвор и напнување.
Во киселото млеко протеините ги има во изобилство. Тие лесно се апсорбираат во оргазнизмот, а од друга страна пак јаглени хидрати има во сосема мала количина што го прави високо протеинска диетеска намирница.

Поради тоа што содржи многу малку калории, киселото млеко освем на оние кои што сакаат да ја намалат телесната тежина се препорачува и на дијабетичарите.

Научните истражувања докажале дека со редовна консумација на кисело млеко се спречуваат болести на кардио-васкуларниот систем. Како лек за срце, киселото млеко уште од дамнина се користи во земјите од Источна Европа и Ориентот. Во овој поглед, киселото млеко делува како заштитник на крвните садови од насобирање на лошиот холестерол и помага во неговото елиминирање од организмот.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk