Клима уредот може да предизвика низа болести

Клима уредот е идеално решение за разладување во летните шеколни денови но сепак има и недостатоци кои сериозно може да влијаат на здравјето.

Домаќинките треба да знаат дека клима уредот мора редовно да биде подложен на чистење и не треба да се претерува при намалувањето на температурата туку температурната разлика меѓу затворен и отворен простор да не биде поголема од пет степени бидејќи се што е над тоа може да предизвика шок за организмот кој често завршува и фатално.

Ако температурната разлика меѓу климатизираната просторија и надвор е поголема од 7 степени доаѓа до промена на крвотокот во организмот. Во тој случај срцевиот мускул е преоптоварен  бидејќи побрзо пумпа а крвните садови не можат толку брзо да се шират и собираат. Тоа доведува  до проблеми со срцето дури и кај здрави луѓе. Исто така температурните разлики негативно влијаат  на коските и зглобовите, па може да се појави силна болка во вратот и рамениците.
Во многу климатизирани простории  кожата ја губи влажноста и станува сува што води кон инфекции на кожата, а посебно внимание треба да посветат лицата кои имаат егзема или други заболувања на кожата, бидејќи сувиот воздух води до поголеми проблеми.
За време на летниот период исто така честа е и појавата на респираторни инфекции. Настинки, болно грло, температура и воспаление се јавуваат како резултат на ладниот воздух од клима уредите.
Едно од најчестите болести кои ги предизвикуваат клима уредите е главоболката. Уредите ко исе поставени на ниски температури влијаат на крвотокот на мозокот а тоа води до силни болки во главата кои може да траат со денови. Оние кои имаат проблеми со синусите треба да бидат внимателни на ниските температури во просториите за време на летниот период.
Клима уредите мора задолжително да бидат чистени бидејќи на филтрите брзо се собираат габи, бактерии, прашина и влакна. Сето ова предизвикува проблеми за луѓето кои страдаат од алергии или астма, а понекогаш и самите уреди може да бидат одговорни за појавата на алергија.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk