Кога бебето првпат да го прошетате надвор

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Силвана

Прв контакт со надворешната средина, бебето има при излегување од родилиште, а тука не сте во состојба да ги избирате временските yслови. Ако е зима, пред болница треба да go чека загреан автомобил кој ќе го однесе до дома.

Пред да го изнесете надвор, бебето најпрво треба да го држите покрај отворен прозор (облечено како за излегување) потоа на тераса, а по ваквите подготовки, изнесете го надвор, за почеток пред куќата, зградата или каде и да живеете.

Првото излегување се препорачува кога на бебето ќе му се исуши папокот, под услов, надворешната температура да биде помеѓу 15 и 28 степени, денот да е убав, без ветер. Ако е поладно, почекајте шест недели, по што бебето можете да го изнесете и на температура околу нулата, под услов адекватно да го облечете.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…