Кога да воведете зачини во детската исхрана

Педијатрите препорачуваат детската исхрана, особено во самите почетоц, да не содржи зачини. Пред се тоа се однесува на солта и шеќерот.

Општата препорака е дека веќе од деветтиот месец од животот на бебето полека можат да внесуваат и одредени билки во улога на зачини во менито.

Воведувањето на билките треба да се извршува постепено и во континуитет, секако во мали количини. Најдобро е секој нов зачин да се воведува во интервал од една до две недели, за да се остави простор за лесно воочување на можна реакција на организмот на бебето на новата состојка во исхраната.

Во групата на зачини кои се пожелни и здрави за секое дете спаѓаат магдоносот, нането, циметот, ѓумбирот, кимот, ориганото и босилекот.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk