Кога да почнете да му давате вода на бебето

Се подразбира дека за секое дете првиот пијалок, после мајчиното млеко, е водата. Меѓутоа, не се препорачува бебињата да пијат вода во првите месеци од животот

Мајчиното млеко е најдобра и најздрава храна за бебето и треба да го конзумира во првите четири, па дури и до шест месеци. Во текот на тој период, здравите бебиња не треба дополнително да пијат вода бидејќи мајчиното млеко им ја обезбедува потребната количина течност.

Но, од петтиот или шестиот месец, кога детето покрај доењето почнува да јаде и тврда храна, вода може да му се дава со шишенце, лажичка или чаша, за да му ја намали жедтта. На тој начин, водата е првиот пијалок кој покрај мајчиното млеко и млечната каша, треба да му се понуди на бебето.

Иако најчесто се користи превриена вода од чешма, постојат и вода во шише која е наменета за доенчиња, како и мешање на кашичките за бебиња. Педијатрите укажуваат на тоа дека водата во шише која се користи за подготовка на кашички за бебиња е строго контролирана и не е потребна да се преврива.

Затоа, природната негазирана минерлана вода, полнета од извор во стерилни услови е погодна за доенчиња и мали деца за пиење, подготовка на детска храна и готвење. Таа вода, исто така содржи и поволен состав на минерали и електролити кои се пак погодни за подготвока на млечни оброци и ја имаат пропишаната вредност во готовата храна за бебиња.

Природната негазирана минерална вода може да се користи и за подготовка на првите зеленчукови и овошни кашички, готова детска храна и подоцна за подготовка на месни, рибни и кашички од житарици. Недоволно развиената свест за внесот на вода во организмот сè повеќе е присутен кај возрасните и затоа е препорачливо децата да се навикнуваат на редовно конзумирање вода уште од првата година.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk