Кога децата забораваат нешто што го научиле неодамна

Иако за многумина родители изгледа загрижувачко, сепак не е невообичаено за децата да го заборават она што го научиле претходниот ден.

Колку и да ни изгледа на нас возрасните дека одредена активност е толку вообичаена, лесна за извршување и едноставна за разбирање, сепак за децата токму таа активност може да биде комплексна задача која треба да биде совладана.

Ова е слично на тоа кога после долго време ќе дојдете до решение на некој проблем, а веќе утредента не можете да се сетите на точниот начин на кој сте стасале до решението на проблемот.

Заборавањето на некоја нова активност кај децата често се манифестира и кога родителите го принудуваат детето да ја изведе активноста пред мноштво луѓе или во непознато опкружување. Тогаш поради тремата и непријатноста што ја чувствува детето лесно може да исчезне сознанието за тоа што точно треба да се направи.

Не заборавајте, за да се усвои во целост една активност или ново знаење кај детето неопходно е нејзино континуирано повторување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk