Кога интензитетот на менструалното крварење треба да ве загрижи

 

Исто како и должината на траењето на менструалниот циклус, така и нивото, односно интензитетот на крварење е индивидуално кај секоја жена.

За нормално менструално крварење се смета она кое трае помеѓу три и седум дена, а интензитетот на течението би требало да биде толкаво за да може да биде впиено во три до шест тампони во текот на еден ден, односно помачлку од 70 мл дневно.

Доколку менструалното крварење не може да се контролира со хигиенски помагала, односно постои течение поинтензивно од 80 милилитри во текот на денот, пожелно е да се посети лекар.

Како причина за интензивно и обилно менструално крварење од тој тип, како и појава на крварење помеѓу два менструални циклуси се сметаат полицистичните јајници, миомите, полипи и други заболувања на цервиксот и матката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk