Кога реагираат антибиотиците а кога не

Кога се дава антибиотик поради вирусна инфекција нема да има никаков ефект од него. 80% од респираторните инфекции кај децата се предизвикани од вируси. Само во 20% од случаите има потреба од антибиотска терапија. Пред да се одлучиме за антибиотик, најдобро е освен клиничката слика да направиме и лабораториски испитувања, кои ќе нѐ насочат дали се работи за вирус или бактерија. Идеално би било ако може да се направат и микробиолошки испитувања и да се земат брисеви. Секако, треба да се почека 2-3 дена и да не се брза веднаш да се даде терапија. Со тие испитувања освен што ќе ја докажеме бактеријата ќе видиме и каква е нејзината осетливост на антибиотиците, на кој антибиотик реагира, а на кој не реагира, па ќе можеме да дадеме и најсоодветна терапија. Во случаи кога параметрите со сигурност ни укажуваат дека е бактериска инфекција, тогаш нема потреба од дополнителни лабораториски и микробиолошки испитувања, и можеме да препишеме антибиотик.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk