Кога родителската логика и не е баш логична но сепак е убаво сеќавање од нашето детство

Дали сте забележале дека понекогаш ги употребувате токму истите изрази што вашите родители ги употребувале кога вие сте биле деца?
Можеби за некого се познати, можеби за некого не, но сепак ова се дел од често употребуваните изрази на нашите родители.

Кога мајката ги учи децата за:
– Логика: Затоа што јас велам така.
– И уште еден час по логика: Ако паднеш од лулашката и си го скршиш вратот нема да добиеш сладолед после ручекот.
– Религија: Моли се на Бога оваа флека да не остане на тепихот
– Да се цени добро завршената работа: Ако сакате да се борите излезете надвор, сега го избришав подот.
– За чудата на осмозата: Затвори ја устата и јади (???)
– За иронијата: Само ти плачи, затоа што ако ти станам ќе ти дадам вистинска причина за плачење.
– За издржливоста: Ќе седиш на масава се додека не го изедеш целиот спанаќ
– За временските прилики: Собава изгледа како да поминало торнадо низ неа.
– За модифицирање на однесувањето: Веднаш да престанеш да се однесуваш како татко ти.
– За хипотетичноста на нештата: Ти реков еднаш, ќе ти кажам уште сто пати- немој да претеруваш.
– За добивката: Ќе си го добиеш кога ќе дојдеме дома, само ти почекај.
– За исчекувањето: Само ти почекај да стигнеме дома.
– За зависта: Има многу деца на светот кои ја немаат среќата да имаат вакви добри родители како тебе.
– За медицината: Престани да ги вкрстуваш очите и да гледаш во носот, така ќе ти останат, да знаеш.
– За видовитоста: Облечи ја таа јакна, јас сигурно знам дека ќе ти биде ладно.
– За растот и развојот: Ако не го изедеш тој зеленчук никогаш нема да пораснеш. Ама ако пиеш кафе опашка ќе ти порасне.
– За мудроста: Ќе ме разбереш кога ќе имаш свои деца.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk