Кога сте подготвени за второ дете

Никој не може да даде подобар одговор од вас на ова прашање.

Сепак постојат повеќе фактори кои би можеле да влијаат на вашата одлука, многу планови и многу внимание. Кога да земете одмор од работа, дали вашите финансии се доволни за две деца? Некои велат дека носењето на одлука околу ова прашање е потешко и од размислувањето околу првото, затоа што сега не размислувате за бебе, туку за промена во семејството. Со секое ново дете, треба да размислите како тоа дете би влијаело на начинот на живот кој го водите, на вашите финансии, работа, врски и секако – вашите други деца.

Кога е вистинското време за второ дете од медицинска гледна точка?

Иако многу фактори би можеле да влијаат на вашата одлука доколку сакате второ дете, треба да знаете колку време е потребно за телото на жената да биде подготвено за второ дете. Повеќето од лекарите советуваат пауза од две до три години, особено ако се работи за породување со царски рез затоа што на матката и е потребно време да зарасне целосно. После породувањето со царски рез не се препорачува епидурална анестезија ниту лекови против болки за време на следното породување.

Повторната бременост во период пократок од две години може да доведе до недохранетост на бебето и прерано породување. Ризикот е поголем колку што е пократок периодот помеѓу двете бремености. Со вашата најголема желба за второ дете земете го во предвид и стилот на живот, дали сте подготвени за промените кои доаѓаат со уште едно дете? Многу е важна финансиската ситуација на семејството затоа што за жал неограничената љубов нема да биде доволна да ги прехраните своите деца и да им пружите се што им е потребно.

Кога е вистинското време за второ дете од аспект на родителите?

Како што знаете, на новиот член на семејството му е потребно вашето внимание, па предност би било ако постарото дете спие само, не носи пелени и разбира што значи нов член во семејството. Во последните години поголемиот дел од семејствата запаѓаат во тешки финансиски ситуации, а многу често бременоста се планира за детето да биде родено на приближна дата како и претходното со цел да се искористи сезонската облека. Затоа најсигурно е да купувате облека со неутрална боја.

Во предвид треба да ги земете и вашите години. Со годините плодноста опаѓа и тоа после 35-та година кај жените. Има многу жени кои успеваат да забременат и после 40-та година, но имајте на ум дека ако имате над 35 години треба да почнете да ја припремате територијата за второ дете.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk