Кога треба да почнете да се измолзувате

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Силвана

Со измолзување треба да почнете првата недела по породувањето и тоа секојдневно. На почеток во мали количини од 30 до 60 мл. Доколку сакате, млекото кое што сте го измолзиле можете да му го понудите на бебето во шише, но се препорачува доењето да се заврши на дојка.

Доколку не сакате на бебето да му давате шишенце, млекото чувајте го во стерилизиран сад. На почеток, ќе имате доволно млеко и за чување и за бебето.

По шест недели можете да измолзувате и поголема количина и тоа најдобро наутро, кога сте одморни, а количината на млекото во дојките е поголемa отколку во текот на денот.

Во просек, доилката треба да ги испразни градите седум пати во рок од 24 часа без разлика дали дои или се измолзува.

Доколку мајката која се уште го дои бебето и мора да се врати на работа, во тој случај пумпицата е најдобро решение.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…