Кожен папок кај бебињата

Понекогаш кога папочето на бебето не се формира на оптималниот начин добива малку поинаков изглед.

Причинителите за променетиот изглед во основа се генетски, односно наследни.

Еден од најчесто застапените изгледи на папочето кои се поинакви од вообичаениот се таканаречениот кутис папок односно кожен папок.

Околу папочната вдлабнатина се наоѓа вишок на кожа која како бедем ја опкружува папочната вдлабнатина.

Најчесто постојат облици во кои не е застапена толкава количина на кожа па папочето е вдлабнато или рамно.

Во овој случај нема потреба за загриженост, затоа што пред се, станува збор за естетски проблем кој воопшто нема негативно влијание врз здравјето на бебето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk