Кои болести можат да му наштетат на бебето во текот на бременоста

Не е лесно кога сте болни, а особено им е тешко на сите оние жени кои се болни во текот на бременоста. Покрај ограничувањата на медикаментите, трудниците се секогаш загрижени не само за себе туку и за здравјето на бебето во нивната утроба.
Во поголемиот број случаи, на бебето нема да му наштетат инфекциите низ кои што мајката поминува во текот на бременоста. Сепак вниманието треба да биде на исклучително високо ниво затоа што некои од нив, иако ретко, сепак преку плацентата може да се пренесат на бебето што пак може да резултира со несакани последици во неговото здравје и развој.

Некои инфекции самите по себе не се штетни, но особено треба да се внимава доколку кај трудницата дојде до зголемување на телесната температура над 38 степен. Високата температура секогаш треба да се лекува, без разлика на тоа која болест е нејзиниот причинител.

Лекувањето кај трудниците дополнително се отежнува поради тоа што многу лекови не се дозволени за користење во текот на бременоста или пак дозволено е нивно користење само ако очекуваната корист за мајката е поголема од потенцијалниот ризик за плодот.

Обично, за ризични болести во текот на бременоста се сметаат сексуално преносливите болести бидејќи имаат директен допир со матката и цервиксот.

Покрај сексуално преносливите болести соодветен ризик носат и инфекциите на уринарните патишта.

Во групата на високо ризични болести кои можат да имаат негативно влијание врз здравјето и развојот на плодот спаѓаат кламидијата, парвовирусот, грипот, гонореата, хепатитис Б, гениталниот херпес, листериозата, рубеолата, сифилисот, токсоплазмозата и трихомонијазата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk