Кои гуми за џвакање го спречуваат кариесот

Во минатото џвакањето на мастики со сладок вкус не било препорачливо поради фактот дека на тој начин можна е појава на кариес, особено кај малите деца.
Но денес џвакањето на мастики е еден од начините да се спречи неговото појавување.

Во групата на мастики кои го спречуваат појавувањето на кариес спаѓаат оние мастики кои се засладени со ксилитол а не со шеќери.

Преку џвакањето се овозможува одржување на оптимално ниво на плунка во усната шуплина која ги испира бактериите.

Сепак, доколку имате било каков реконструктивен зафат на забите, како што се пломби или мостови подобро е поретко да уживате во ова задоволство.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk