Кои додатоци во исхраната и се потребни на една трудница

Бремените жени како и оние кои планираат бременост треба да знаат дека дополнителниот внес на фолна киселина уште во периодот пред зачнувањето како и во тек на првите 12 недели од бременоста значително го намалува ризикот од раѓање плод со дефекти на невралната туба . Препорачана доза на фолна киселина е 400 микрограми дневно.
Исто така, за трудниците е важно да се одржува адекватна количина на витамин Д во организмот бидејќи овој витамин е од неопходно значење како за нивното така и за здравјето на фетусот односно новороденчето (во тек на бременоста и во периодот на доење). Препорачаната дневна доза на витамин Д во текот на бременоста изнесува 10микрограми. Особено внимание на количината на витаминот Д во организмот треба да се обрнат на жените што имаат ограничена изложеност на сонце и оние кои практикуваат исхрана посиромашна со витамин Д.

Дополнителното внесување на железо не се препорачува рутински кај сите бремени жени. Тоа нема значаен бенефит на мајчиното ниту на здравјето на новороденчето и може да има несакани ефекти кај мајката доколку дојде до предозирање. Секако, со внимателно следење на состојбата на нивото на хемоглобин во крвта се одредува индивидуалната потреба од дополнителен внес на железо во организмот доколку постои анемија која може да биде пропратена со вртоглавица, мачнина, замор и слаб имунитет.

Недостатокот на магнезиум во текот на бременоста може да ги зголеми шансите за појава на висок крвен притисок односно состојба наречена еклампсија. За да се спречи оваа појава, дневниот внес на магнезиум треба да изнесува по 200 милиграми.

Кај трудиците треба да се обрне внимание и на одржувањето на константното потребно ниво на витамините од гурпата Б. Дневно препорачаната доза изнесува 50 милиграми максимум.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk