Кои се негативните последици од предолгото користење на цуцла

Педијатрите велат дека цуцлата смее да му се дава и на новороденче, но под услов да се избере соодветен модел и големина. Но околу втората година, бебето не треба да ја користи како средство за смирување освен при заспивање.

Постојаната употреба на цуцлата не е пожелна, бидејќи го ограничува гугањето на детето, смеењето, а подоцна и говорот, спречува да се изрази болка, радост како и други чувства.

Затоа треба да се користи во одредени ситуации бидејќи така се олеснува подоцнежното одвикнување.

Последици од нејзината долготрајна употреба можат да бидат лигавење, лош распоред на заби и говорни маани.

Постојано држење на цуцлата во уста го зголемува лачењето на плунката и лигавњето со што се зголемува ризикот од продор на различни бактерии.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk