Кои се придобивките од есенското сонце

Зошто се повеќе деца се кратковиди? Истражувањето покажало дека еден од клучните фактори на оштетување на видот на далеку е што децата се повеќе време поминуваат во затворен простор на вештачка светлина. Дневното светло помага при развој на видот, фокусот на окото надвор е поразличен од затворен простор.

Децата на сите возрасти како и возрасните често не добиваат доволно витамин Д кој му помага на телото да апсорбира калциум за да се спречат болести на коските, дијабатес и болести на срцето.

Млекото е добар извор но сончевата светлина е најдобар лек. Затоа лекарите често истакнуваат децата да си играат надвор на сонце, а тоа што е ладно не значи дека сонцето е помалку богато со тој витамин.

Ако вашите деца немаат некоја рутина на спиење, тоа е можеби така бидејќи нивниот внатрешен часовник односно дневен ритам е пореметен. Таквите природни ритми се поврзани со сонцето. Ако детето не е пречесто надвор неговиот организам не реагира доволно добро на сончевите надразби. Истражувањата покажале дека утринското излегување на сонце посебно помага во синхронизација на циклусот на спиење кај детето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk