Кои се причините за Даунов синдорм

Дауновиот синдром е една од најстарите болести запишани во историјата на човештвото. Станува збор за хромозомска болест – нарушување на бројот на хромозомите. Во 2000 година мапиран е генетскиот код на хромозомот 21 и откриени се 29 гени на тој хромозом кои се причина за самата болест.
Хуманите клетки се делат на два начина. Прва е обичната клеточна делба – митоза кога од една клетка настануваат две клетки со ист број и тип на хромозоми како родителската клетка. Вториот тип на клеточна делба – мејоза се појавува во јајчниците и тестисите и на тој начин настануваат половите клетки – гамети кои имаат половина од бројот на хромозомите во родителските клетки. Така нормалните јајце клетки и сперматозоиди имаат 23 хромозоми наместо 46.

Даунов синдром настанува како резултат на грешка во текот на клеточната делба. Во текот на мејозата хромозомските парови треба да се разделат и да одат на различни полови на клетката што се дели и овој настан се нарекува “раздвојување”. Понекогаш може да се случи некој пар да не се подели и да оди на еден пол од клетката. Тоа значи дека на крај една клетка ќе има 24 хромозоми а другата 22 хромозоми-процес наречен “нераздвојување”.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk