Кокосовото масло ги намалува калориите на оризот

Научниците од Шри Ланка докажале дека постои многу едноставен начин како калориите од оризот да се намалат за половина во текот на варењето.
На секои седумдесет грама несварен ориз, во водата во која што ќе се вари (300 милилитри) додадете една супена лажица кокосово масло.

Сварете го оризот на вообичаениот начин и оставете го да се олади во ладилникот преку ноќ. Во текот на ладењето калориите на оризот ќе се намалат. Имено, процесот на ладење во комбинација со кокосовото масло го одзема поголемото количество на скроб во оризот.

Со повторното загревање, калориите во оризот нема повторно да се зголемат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk