Колач од рендани тиквички и чоколада

За сите оние кои уживаат во необичните комбинации на вкусови-превкусен десерт подготвен од тиквички и чоколадо.

Потребни состојки:

● 1/2 шолја путер
● 1/2 полја какао прав
● 1 и 1/4 шолја брашно
● 1 мала лажичка прашок за пециво
● 1 мала лажичка цимет
● 1/2 мала лажичка сол
● 1 шолја шеќер
● 1 мала лажичка екстракт од ванила
● 1 јајце и 1 жолчка
● 2 шолји рендани тиквици
● 2/3 шолја сецкано чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, па подмачкајте го тавчето со путер и наросете малку какао прав.

Во поголема чинија измешајте ги брашното, какаото, прашокот за пециво, циметот и солта.
Во друга поголема чинија измешајте ги шеќерот и јајцата, додадете ги жолчките, па матете околу една минута. Додадете го стопениот путер и екстрактот од ванила, па матете додека да добиете мазна смеса. Додадете ги тиквиците, па постепено додадете ја и мешавината од суви состојки.

Измешајте го и сецканото чоколадо, па префрлете ја смесата во подготвеното тавче и печете околу 50 минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk