Колку време се пие антибиотик

Најчесто антибиотиците се даваат 7 до 10 дена, меѓутоа тоа не зависи од типот на антибиотикот туку од причината која ја лекуваме. Децата можат да создадат и отпорност или резистенција на антибиотикот. Најчесто таа се создава вештачки, нема природна резистенција на антибиотик, туку е стекната. Се стекнува поради пречесто и нередовно давање на антибиотикот во случаи кога не треба. Ако даваме антибиотик кога не треба организмот ќе стане отпорен, па кога ќе треба нема да реагира соодветно на тие антибиотици. Резистенција може да се направи и на друг начин, ако антибиотикот се дава во несоодветни (многу мали) дози или ако се дава пократко отколку што треба. Родителите не треба да им даваат антибиотик на децата 2-3 дена, па откако состојбата ќе се подобри да се прекине. На тој начин само се прикрива бактеријата, не се уништува и потоа повторно се враќа и предизвикува нова инфекција. Овој пат таа ќе биде отпорна на антибиотикот кој претходно сме го дале несоодветно време. Исто така, резистенција настанува и поради земањето антибиотик во несоодветен временски интервал, ако треба да се зема на 8 часа, треба да се почитува ова и да се запази редоследот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk