Колку е корисна памучната пелена

Откако пелените за еднократна употреба им станаа достапни на сите, малку се оние мајки кои се уште не се откажуваат од старите добри памучни пелени.

Можеби од денешна перспектива ви изгледа незамисливо да перете, варите и пеглате памучни пелени кога и онака имате малку време покрај сите останати обврски, но еве зошто би можеле сепак да ги земете предвид.

Првата и најважна причина е секако здравјето на бебето, а памучните пелени се несомнено поздрава опција, затоа што не содржат никакви штетни состојки, бебето морате да го преслечете веднаш штом ќе се измочка па така и можноста да се исфрли кожата е многу помала и конечно, кожата на бебето дише затоа што се направени од природни материјали. Сигурно сте слушнале дека постојат бебиња кои се алергични на еднократни пелени, што не е случај со памучните.

Втора причина, а тоа го потврдиле многу мајки, перењето, пеглањето и диплењето на пелените може да биде многу порелаксирачко, време кога можете да ставите слушалки на ушите и да не размислувате за ништо друго, а многу се поедноставни за пеглање отколку на пример, машките кошули. Исто така, ќе имате подобар увид за тоа каква е столицата на бебето што е многу важно во првите неколку месеци од животот на бебето, затоа што токму во неа се оцртуваат сите промени во здравјето на бебето.

И конечно, тука е и економскиот аспект, а памучните пелени ќе ви заштедат навистина многу пари. Исто така, доколку сте поддржувач на заштитата на природата, земете предвид и дека со нив ќе правите многу помалку ѓубре и на некој начин ќе ја заштитите природата, затоа што е познато дека еднократните пелени многу тешко се разградуваат.

Што мислите, дали сте подготвени за ваква промена?

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk