Колку приватност им треба на адолесцентите

Објавено на: Apr 21, 2017 од Мама Силвана

Во адолесценцијата младите се чувствителни на својата интима. Важно им е родителите да ги остават на мира да имаат свое сигурно катче во кое можат да се повлечат.

Обезбедувањето на тоа катче не значи дека треба да бидете емоционално студен и незаинтересиран родител, тоа само значи да се уважат потребите на детето и да му се даде простор. Да се знае каде е, со кого се дружи и како ги поминува деновите се работи кои на родителите им пружаат важни информации, но не навлегуваат во интимата на детето.

Да се оди во друга крајност во која родителите не ги интересира што детето прави преку ден исто така не е добро за неговиот развој и се испраќа порака дека не ни е грижа и дека нема сигурна база во која може да се обрати кога работите ќе тргнат на лошо.

Од друга страна, читање на дневник, следење, прислушување на разговорите ги поминува границите и го нарушува односот на меѓусебна доверба.

Односот со детето не може да се создаде на сила. Идеален рецепт кој е применлив за сите родители и деца нема. Секој родител создава најдобар рецепт за односот со децата.

Вистинските состојки се комуникација, поддршка, доверба, доследност и топлина. Се додека родителите го применуваат ова, нивниот однос ќе оди во добра насока.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…