Колку често треба да ги миеме рацете

Сетете се што сè сте правеле денес со вашите раце? Колку и да ги одржувате чисти вашиот дом или работното место, сепак бактериите се присутни насекаде околу нас.

Рацете може да дојдат во контакт со нашата уста, со нашите очи, со кожата на лицето, со интимните делови, па дури и со рани или мозолчиња. Постојат повеќе начини како да пренесете некоја бактерија која може да предизвика од мало воспаление до тешки болести кои во најлош случај може да предизвикаат смрт.

Вашите раце потребно е да ги миете често, и тоа:

пред да готвите
пред да јадете
пред одење во тоалет и по излегување од тоалет
откако сте ги смениле пелените на вашето бебе
доколку сте во контакт со болно лице
после работа во градината или фрлање на смет
доколку сте биле во контакт со животно.
Но, не е доволно само набрзина да ги исплакнете рацете и да продолжите со своите активности. Миењето на рацете се препорачува да се прави со квалитетен сапун со триење на дланките во интервал од 10-15 секунди. Внимавајте како и до каде ги миете. Најдобро е да користите млака вода и течен сапун. Нанесете го сапунот по целата површина на вашите дланки и околу зглобот. Потоа добро исплакнете го сапунот и избришете се со мека крпа за да не ја иритирате кожата. Пожелно е секој од членовите да има своја крпа.

Ако носите прстен, подобро е да го извадите за да ја избришете водата, а и него, бидејќи токму ваквите места се извор на зарази.

На мајките и татковците им препорачуваме да внимаваат на здравјето на нивните деца, тие се толку нежни и неспособни да се заштитат. Помогнете им да ја стекнат оваа здрава навика.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk