Колку често треба да се менуваат препаратите за нега на кожата и косата

За жал, еден од најчестите митови кога се во прашање козметичките средства како што се кремите за лице или шампоните е дека тие треба да се менуваат на неколку месеци.

Имено, шампоните за коса и кремите за лице треба да се променат токму тогаш кога телото ќе манифестира одговор дека тие препарати едноставно повеќе не му одговараат.

До тогаш нема никаква потреба да се менува видот на препаратите, се додека региите за кои се употребуваат блескаат со здравје и сјај.

Ритамот на промена на препаратите за нега на кожата и косата го трасира нашиот организам, освен ако ние немаме лична желба да пробаме некој нов производ.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk