Комбинацијата на рицинусово масло со други масла ветува здрава и негувана кожа

Рицинусовото масло е густо и постепено растворајќи се после нанесувањето може успешно да ги извлече сите нечистотии од кожата на лицето кои се наталожиле во текот на денот.
Сепак, потребно е пред употреба да го комбинирате со друг вид масло, најпожелно со маслиново масло, и тоа на следниов начин:

-доколку имате сува кожа комбинирајте го со маслиново масло во сооднос 3:1, односно три лажици маслиново масло и една лажица рицинусово масло
– доколку имате нормална кожа искомбинирајте 2 лажици маслиново масло и 2 лажици рицинусово масло
– доколку имате масна кожа тој сооднос треба да биде 1:3

Постапката е многу едноставна. Миксот од масла намачкајте го на кожата на лицето и вратот, масирајќи со нежни кружни движења околу две минути. Потоа земете пешкир кој ќе го потопите претходно во топла вода ( не врела ) и префрлете го преку лицето. Држете го се додека ткаенината не се олади. На тој начин сите нечистотии од вашето лице ќе бидат отстранети, а кожата ќе добие здрав и сјаен изглед.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk