Комбинацијата од лук и маслиново масло како прва помош при болки во увото

Сите ние знаеме дека лукот е исклучително здрава намирница, а исто така има широка примена во здравствени цели.
Најчесто лукот се користи како моќен лек против грип и настинка, за зајакнување на имунитетот и сл поради неговото огромно антибактериско и антиоксидативно својство.

Освен за таа цел, лукот се користи и како прва помош при лекување на инфекции на увото и ушните канали.

Ако ве боли увото, можете да ја намалите болката само со едно поголемо чешне лук.

Чешнето лук излупете го и исечете му ги краевите така што ќе остане само средината. Тој дел од лукот ставете го во увото ( на самата површина од каналот не длабоко ) и оставете го да делува.

Како посигурна варијанта истолчете едно чешне лук и додајте една лажичка маслиново масло. Малку загрејте, процедете и капнете по две капки од течноста во болното уво, три пати дневно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk