Компликации по здравјето на бебето што можат да се случат во текот на царскиот рез

Не е докажано дека царскиот рез го зголемува ризикот од сериозни компликации за здравјето на бебето како што се на пример оштетувањата на папочната врвка, крварење во мозокот или парализа.

Сепак, во досегашната медицинска пракса овој тип на компликации се исклучително ретки и се појавиле во 1 случај на 10,000 породувања.

Почесто забележана компликација во текот на царскиот рез по здравјето на бебето е можниот рез на бебешката кожа што може да се создаде при сечењето на матката. Тоа се случува во просек на 2 бебиња од 1000.

Поради тоа што дел од целосната анестезија поминува преку постелката ризикот за појава на жолтица е поголем кај бебињата родени со царски рез отколку кај оние родени со природен вагинален пород.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk