Кондиломите како вирусно заболување

Кондиломите се генитални брадавици кои најчесто се појавуваат во пределот на гениталните органи.
Тие најчесто се појавуваат во групи, иако може да постои и изолирана појава на една до две генитални брадавици.

Причинителот за појава на кондиломите се одредени типови на ХПВ вирусот. Во прашање се најраспростанетите видови на хуман папилома вирусот како што се ХПВ 6 и ХПВ 11.

Болеста е исклучително заразна и најчеста кај сексуално активните жени и мажи.

Гениталните брадавици најчесто се појавуваат во рок од три месеци по инфицирањето со ХПВ вирусот. Меѓутоа, можно е лицето да биде заразено со овој вирус но долго време или пак воопшто да не се појават кондиломи. Овој случај е почест кај мажите отколку кај жените.

Без разлика дали ќе се појават брадавиците или не, таа личност и понатаму останува преносител на болеста.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk