Корисната страна на микробрановата печка

Микробрановата печка денес ја има скоро во секое домаќинство. Многумина од нас ја користат за пукање пуканки, подгревање на вода и храна, одмрзнување и сл. Но, таа може да биде многу покорисна.
Во неа на најдобар начин може да ги дезинфицирате сунѓерите што ги користите во домаќинството, за бањање, за миење садови и сл. Натопете го сунѓерот во лимонов сок и ставете го во микробрановата печка најдолго една минута на поголема температура. Внимавајте кога ќе го вадите сунѓерот затоа што ќе биде навистина врел, користете ракавици за да не се изгорите.

За полесно да ги исцедите цитрусните овошја ставете ги во микробранова печка на средна температура околу 20 секунди. Откако ќе се затопли овошјето многу полесно ќе се цеди и ќе добиете повеќе сок.

Омекнете го стврднатиот мед, така што ќе го загреете во микробрановата печка на средна температура околу 30 секунди. На ист начин можете да го омекнете, односно растопите кафениот шеќер.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk